Македонија

Температурите ќе растат во наредните денови

Температурите ќе растат во наредните денови

Денеска не очекува сончево време со мала локална облачност и со слаб северен ветер,  а температурата ќе се движи од 22 до 32 степени.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со температура од 15 до 30 степени.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со мала облачност. Температурите ќе бидат во пораст, а само во четврток во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотрајна локална нестабилност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.