Температурни промени во светот низ годините (ВИДЕО)

Глобалното затоплување е тема која во светски рамки е актуелна со години наназат, а порастот на температурата на земјата ќе има огромни ефекти и промени врз климатските модели на земјата и на сите живи суштества. Многу од овие промени (суши, пожари, урагани, поплави, топлотн бранови, лош воздух, топење на глечери…) веке започнаа.

Глобалното затоплување се случувало во минатото и се случува и сега. Температурата на Земјата варира уште од самото создавање на нашата планета.

Но вистинскиот проблем не е тоа што таа се загрева, туку стпката со која тоа загревање се случува.

Зголемувањата на температурите од средината на 20 век многу веројатно се предизвикани од зголемување на концентрациите на стакленички гасови кои произлегуваат од човечката активност како што се согорувањето на фосилни горива и уништувањето на шумите.

Стапката со која земјата се загрева е веројатно најголемиот предизвик со кој некогаш се соочило човештвото.

Овој графикон го покажува тоа што научниците го посочуваат со децении. Тој дефинитивно ни’ покажува дека треба веднаш да се преземе нешто!