Тенк прегазува автомобили со луѓе во Турција (ВИДЕО)

Вознемирувачко видео од ноќта кога војската се обиде да изврши воен удар во Турција, прикажува како тенк без ни малку колебање прегазува цивилни автомобили додека во нив има луѓе.

Тенкот се движи низ мостот Фатих Султан Мехмет на Босфорт, но наместо да подзастане кога поминува покрај пешаци и цивилни автомобили тој продолжува да прегазува преку нив.

Во општиот хаос, на видеото може да се забележи како луѓето очајно се обидуваат да побегнат од тенкот а некои од нив дури се фрлаат од мостот.