Тензично на македонско-грчката граница, повредени тројца полицајци

МНР: Мигрантите биле заведени од заведени од активисти на невладини организации
МНР: Мигрантите биле заведени од заведени од активисти на невладини организации

Од МВР ја потврдија информацијата дека тројца припадници на македонските безбедносни сили се повредени во немирите кои од утринава се одвиваат македонско-грчката граница кај каменот 59, пренесе ТВ НОВА.

Полицајците се префрлени во медицинскиот центар во Гевгелија. Од МВР велат дека тензиите се уште траат и се работи на смирување на состојбата.

Хаосот на границата започна кога стотици мигранти се обидоа насилно да навлезат во земјава, откако останаа заробени на Идомени по затворањето на Балканската рута.

За судирите на грчко-македонската граница повеќе на следниот линк.