Балкан

Тензично на словенечко- австриската граница, бегалците ја пробија оградата

Тензично на словенечко- австриската граница, бегалците ја пробија оградата
Тензично на словенечко- австриската граница, бегалците ја пробија оградата

Во словенечкиот транзитен центар во Шентиљ вечерва бегалците ја пробија оградата, а полицијата се обиде да ги задржи.

Меѓу бегалците има голем број жени со деца.

Полицијата успеа да ја смири ситуацијата на словенечко-австриската граница. Во прифатниот центар Шентиљ се наоѓаат 3.500 луѓе, а преминувањето на границата бавно се одвива.

Во текот на денот во Шентиљ имаше физичка пресметка меѓу бегалците.

Според податоци на словенечката полиција Австрија до попладнето прифати околу 7.000 лица.