Тензиите во Украина може да доведат до зголемување на цената на гасот во Европа

Тензиите во Украина може да доведе до прекин во снабдувањето на гас во Европа и зголемување на цените за следната зима. Ова го изјави директорот на италијанската енергетска компанија „ЕНИ“, Паоло Скарони. Според него, на особен ризик ќе бидат подложени Италија, Австрија и Јужна Германија, бидејќи овие земји се главните пазари, на кои се испорачува рускиот гас преку територијата на Украина, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Шефот на „ЕНИ“ неколку пати истакна дека компанијата ја поддржува реализацијата на проектот „Јужен поток“, што ќе овозможи достава на руски гас во Европа, заобиколувајќи ја Украина.

Претходно украинскиот пратеник Олег Лјашко предложи да се утврди вредноста на транзитот на рускиот гас по територијата на Украина кон земјите од Европа во износ од 500 долари за 1.000 кубни метри и „во случај дека Русија одбие да плати, веднаш да се прекине транзитот“.