Македонија

Теодоракис: Загубивме 25 години во спор со земја што може да биде верен сојузник

Теодоракис: Загубивме 25 години во спор со земја што може да биде верен сојузник

Ставрос Теодоракис, претседателот на грчката либерална и социјал-демократска партија „Потами“ по протестите во Грција на својата Фејсбук страница ги осуди и кажа дека Македонија можела да биде верен сојузник.

Вели дека Грција губи веќе 25 години со одржувањето на воинствена атмосфера кон една мала земја што може да биде нејзина верна сојузничка.

– „Бидејќи не гледам голема разлика помеѓу „Поранешна југословенска република Македонија“ – име што сите го прифативме – и Нова или Северна или Горна Македонија. Бидејќи во „македонското“ прашање, исто како во „кипарското“, неактивноста и одлагањето се на штета на Грција и елинизмот. Бидејќи со ништо не сум политички или естетски поврзан со оние што велат дека сме под окупација и зборуваат за предавници, анти-Хелени, бесења и ковчези. Бидејќи ваквото дејствување води до политички терор. Бидејќи секој пат кога една држава на Обединетите нации ја признава „Република Македонија”, грчката дипломатија е ослабена. Затоа што не сакам соседната земја да се распадне – сакам да го спречам „муслиманскиот подарок на турската мајка” и „Голема Албанија”, пишува Теодоракис на Фејсбук.