Тепачка меѓу две групи за девојка

Вчера околу 10 часот изутрината во Полициска станица во Ѓорче Петров било пријавено дека во СУГС „Кочо Рацин“, настанало нарушување на јавниот ред и мир помеѓу две поголеми групи на лица.

Од една страна во нарушувањето учествувале М.Р.(48), Б.С.(17), М.А.(18), Р.А.(15) И М.А.(16) и од другата страна лицата Е.И.(17), Е.И.(18), Е.Н.(15), С.Ј.(17), С.Ј(18) и А.Б. сите од Скопје.

Тие меѓусебно се удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото од кои удари кај М.А.(16) имало видлива повреда на задниот дел од главата во вид на расекотина, а кај Р.А.(15) расекотина на десната аркада.

Причина за тепачката била љубовна врска. Излезено е на местото на настанот при што против поголем дел од учесниците во нарушување поднесени се платни налози по чл 11/3 од ЗППЈРМ.