Тепачка меѓу малолетници, некои завршиле на Ургентен

Синоќа околу 20,00 часот, во Скопје на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ настанала тепачка во која З.А.(24), Р.П.(20), Ф.М.(18), М.И.(18), Ј.Б.(18), сите од с.Батинци, скопско од една страна и од друга страна М.А.(16), С.Џ.(15), Џ.Ј.(18) и десет годишен малолетник сите од с.Катланово, скопско.

Во тепачката тешки телесни повреди му се нанесени на десет годишниот малолетник, додека на Ф.М., Р.П. и З.А. им се нанесени телесни повреди и на сите им е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.