Тепачка меѓу мигранти, еден завршил во болница

Во атарот на село Табановце, Кумановско во близина на железничкиот премин „Табановце“, синоќа, во 01. 15 часот по полноќ, по предходна меѓусебна расправија помеѓу мигранти, 24-годишен Сириец добил убоди од нож во ногата. Тој бил префрлен во кумановската болница.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.