Тепачка меѓу скопјани во Тетово

Ноќесна во 1.30 часот по полноќ во Тетово на улица Вон Вардарска дошло до меѓусебна вербална расправија, а подоцна и физичка пресметка помеѓу лицата Г.М. и М.Т.(25) од Скопје со престојувалиште во Тетово.

За време на настанот Г.М. извадил огнено оружје-пиштол, кој го репетирал и со рачката од истиот го удрил М.Т. во пределот на левото уво, по што овој паднал на земја, а Г.М. и уште едно непознато лице кое било со него почнале со нозе да го удираат во пределот на лицето и телото.

По настанот М.Т. се упатил во КБ-Тетово, каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на носна коска) и скршени два заба.

Настанот првично е пријавен од вработените во КБ-Тетово. СВР-Тетово презема мерки за рачистување на настанот.