Тепачка на Пластичарска, двајца завршиле на Ургентен

Полициски службеник од полициската станица Бит Пазар вчера утрината заедно со неговиот брат претепале две лица.

Како што информираат од полицијата инцидентот се случил на Пластичарска улица кога поради нерасчистени односи полицискиот службеник и братот ги нападнале двете лица од населбата Ченто.

-Поради сериозност на повредите двете лица се пренесени во Ургентен центар Скопје, додека сторителите го напуштиле местото на настанот. По преземени мерки приведени се сторителите, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од полицијата.

За настанот известен е и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.