Тепачка помеѓу навивачи во Скопје

Група од десет навивачи од навивачката група „Шверцери“ нападнала помала група од навивачи на ФК-Скопје.

Настанот се случил вчера околу 16,00 часот во Скопје на ул.„16-та Македонска Бригада“, кај стадионот на „Металург“, по завршување на натпреварот  помеѓу ФК-Скопје и ФК-Шкупи.

Од страна на полициски службеници веднаш било интервенирано и при превземањето службени дејства за приведување на Џ.В. од Скопје, полицискиот службеник бил попречуван од А.С.

За настанот е запознаен Јавниот Обвинител. По целосно расчистување и документирање на настанот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.