Тепачка поради нерасчистени имотно-правни односи во Куманово

Околу 17,00 часот вчера во Куманово на ул.„Мирче Ацев“, во двор од куќа сопственост на Д.Ф.(51), лицето К.Н.(62) од Куманово поради нерасчистени имотно-правни односи физички бил нападнат од страна на Д.Ф.

Истиот со метален профил го удрил К.Н. во пределот на главата и откако тој паднал на земја продолжил да го удира со раце и дрво во пределот на главата и телото, нанесувајќи му телесни повреди.

Оштетениот е пренесен во Медицински центар Куманово, додека сторителот е приведен во СВР Куманово и против истиот по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.