Македонија,Крими хроника

Тепачка во Скопје, едниот завршил со скршеница на черепот

Скопјанец се здобил со тешки повреди во тепачка која се случила завчера на булеварот Мајка Тереза, поранешна Водњанска.

Прво, настанала вербална расправија, а потоа и тепачка помеѓу Д.Ш.(52)  и Е.С.(49), двајцата од Скопје, во која си размениле по неколку удари со боксови и употребиле тврди предмети, притоа придонесувајќи си видливи повреди, по што Д.Ш. од здобиените повреди паднал во бессознание. Истиот, со возило на брза помош е пренесен во Ургентен центар каде му се констатирана тешка телесна повреда-фрактура на череп и е задржан за понатамошно лекување, додека Е.С. е приведен во ПС Центар.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.