Тепачка во турскиот парламент, петмина повредени

Петмина пратеници се повредени при тепачка во турскиот парламент.

Според турските медиуми , за време на тепачката летале столици, а пратениците се тепале со чекич , во тепачката било употребено и ѕвоното на претседателот на парламентот, пренесува Канал 5.

Тепачката се случила рано утринава откако пратениците од опозицијата се обиделе да го одложат почетокот на дебатата за спорниот предлог закон  за безбедност , со кој на полицијата би и се дале  многу поголеми овластувања при претрес и апсење , пренесува  агенцијата АП.

Пратениците се степале на затворена седница , откако пратениците на опозицијата се обидела да го спречат донесувањето на спорниот предлог закон , и поднеле неколку барања кои немале врска со таа тема.

Пратеникот на про- курдската партија Ертугрул Куркчу изјави дека за време на тепачката во просторијата летале столици , а двајца пратеници се удрени со чекич.

Во болница инаку се пренесени двајца пратеници , а на Куркчу и на уште двајца пратеници  првата медицинска помош им е дадена во амбулантата во зградата на парламентот.