Балкан

Тепачка во турскиот парламент

Тепачка во турскиот парламент

Во турскиот парламент се случила тепачка во текот на дебатата околу скандалот поврзан со корупција во кој што е вмешана владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Во тепачката еден од опозициските пратеници добил удар во лицето и завршил во болница.

Судирот се случил во еден момент кога парламентот се подготил да ја прифати дебаата за критикуваниот нацрт на законот со кој што ќе се заостри владината контрола над судството.

Турската влада е соочена со истрага за корупција и тоа е една од најсериозните закани на нејзината власт.