Свет

Тепачка во украинскиот парламент

Тепачка во украинскиот парламент

Од истокот на Украина борбите се префрлија во Врховната рада. Тепачката почна на седницата за дополнителна мобилизација на украинската војска.

Пратеникот Левиченко од Партијата на регионите протестирал велејќи дека „Украинци ќе убиваат Украинци“.

Пратеникот Мирошиченко од крајнодесничарската Слобода почнал да го турка по што настанал општ неред. Спикерот Турчинов од седницата го отстранил Левиченко иако тој протестирал против воените дејствија.