Македонија,Крими хроника

Тепачката во Радишани не е поврзана со изборни нерегуларности

Случајот во Радишани нема поврзаност со изборни неправилности, бидејќи нема ниту регистрирано, ниту пријавено какви било нерегуларности на избирачките места на посочената локација кои би влијаеле на гласањето, посочуваат од МВР.

Учесниците во тепачката се идентификувани, а пронајдено е и лицето кое го управувало возилото. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Како што веќе информиравме, на 13.04.2014 година, околу 22,30 часот, на ул. „Радишанска“ во Скопје пред куќата на Ш.З.(74) настанала расправија, а потоа и тепачка помеѓу Б.З.(20) и Б.З.(23) од една страна и од друга страна Н.Б.(23) и Б.Д.(34), во која си размениле некоку удари по телото нанесувајќи си видливи повреди, додека на Б.З. му е нанесена скршеница во пределот на раката.  По ова, од куќата излегла Ш.З. да види што се случува, по што А.Д.(1988) со патничко возило влегол во толпата, удирајќи ја при што и нанел телесни повреди.