Тепачка и пукање во тетовска кафеана, пет лица повредени, две на Ургентен

Пет лица се повредени, од кои две завршиле на Ургентен откако биле нападнати додека седеле во кафеана во тетовоското село Жеровјане.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, денеска, околу пет часот утрината, пет лица биле нападнати додека седеле во кафеаната „Ловец“ во тетовското село Жеровјане.

Одненаш три лица влегле во објектот, почнале физички да ги напаѓаат, а потоа отвориле и оган врз нив.

На сите петмина повредени им е укажана им е лекарска помош во Медицинси центар Гостивар, каде тројца се задржани на понатамошно лекување, а две лица, поради сериозноста на повредите се префрлени во Ургентен центар Скопје.

 

Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.