вторник, 27 декември 2016  |  Вести денес: 0

Тепачка меѓу бегалци на островот Лезбос

Тепачката во Мориа почнала по полноќ во делот на кампот каде што има малолетници и потоа се проширила, соопштија властите, додавајќи дека деца бегалци од Сирија биле нападнати од група деца од Авганистан.

133328741

Последни вести

Во текот на изминатата ноќ дошло до судири меѓу ривалски етнички групи на бегалци и други мигранти во кампот на грчкиот остров Лезбос, објави МИА.

Тепачката во Мориа почнала по полноќ во делот на кампот каде што има малолетници и потоа се проширила, соопштија властите, додавајќи дека деца бегалци од Сирија биле нападнати од група деца од Авганистан.

Засега не е познат точниот број на повредени, а околу 40 бегалци и мигранти избегале во околните области. Ситуацијата била смирена околу четири часот изутрина по интервенција на полицијата. Властите се обидуваат да ги лоцираат исчезнатите деца.

На Лезбос моментно има речиси 5.000 мигранти и бегалци. Локалните власти постојано бараат властите да преземат итни мерки за да се растеретат пренатрупани објекти во кои се сместени мигрантите.

Најчитани вести