Тепачка меѓу навивачи на Пелистер и Брегалница, повредени и шест полицајци

Во саботата околу 16:40 часот, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Брегалница“ и ФК „Пелистер“, кој се одиграл на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, дошло до нарушување на јавниот ред и мир.

Имено, автобус со навивачи на ФК „Пелистер“, кој бил на заминување, застанал после поминати околу 100 метри. Од истиот излегле околу 20-30  навивачи на ФК „Пелистер“ кои се упатиле кон паркиран автобус на ФК „Брегалница“ и кон граѓани кои биле присутни на натпреварот.

Од страна на полициски службеници од ПС Кочани било интервенирано и спречени биле останатите навивачи да излезат од автобусот, но биле физички нападнати од поголем број на навивачи. При интервенцијата со телесни повреди се здобиле шест полициски службеници и навивачи кои биле пренесени во Клинички центар Кочани за укажување на лекарска помош. За кратко време бил воспоставен Јавниот ред и мир, а навивачите со автобусот биле препратени до Штип.

Во врска со настанот биле приведени  П.Д. (18), К.Д. (40), Д.З. (23), А.Л. (19) и Б.К. (38), сите од Битола. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.