Тепачка меѓу ученици во ГУЦ „Здравко Цветковски“

Ученици од скопското средно училиште ГУЦ „Здравко Цветковски“ вчера попладне физички нападале двајца малолетници од училиштето кои се здобиле со повреди и се пренесени во ГОБ „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Како што информира МВР, случајот го пријавил А.Т. вчера во 17.45 часот во ЕИК Скопје. Како сторители се посочени три лица кои со родителите биле повикани на разговор кај педаготот во училиштето.

Известени се полициски службеници од Оддел за насилен криминал и малолетничка деликвенција и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.