Тепачка помеѓу мигранти, момче прободено со нож

Во тепачка помеѓу мигранти, еден млад мигрант на возраст од 25 години беше повреден. Како што јавува РТС, оваа тепачка помеѓу мигранти се случила во близина на автобуската станицца во Белград, а момчето со убодна рана во пределот на стомакот било пренесено во Клиничко болничкиот центар во Земун.

Околу 13. 40 часот во паркот кај перонот за пристигања на автобуската станица во Белград дошло до тепачка помеѓу мигранти, ја потврдува информацијата за РТС српското МВР.

Во инцидентот учествувала група мигранти, а засега едно непознато лице со нож го прободела 25 – годишниот државјанин на Авганистан.

Повреденото момче е надвор од животна опасност

Момчето се здобило со посекотини, најверојатно од нож, на левата страна од стомакот и тапа повреда и гребаница на главата. Тој во Клиничко – болничкиот центар во Земун е пренесен во стабилна и свесна состојба, изјавила за РТС портпаролката на итната помош во Белград, Нада Мацура.

Српската полиција интензивно трага по осомничениот за нападот.