Кумановци се пресметувале со палки и метални шипки

С.Т.(23) и Н.Г.(24), двајцата од Куманово добија кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

С.Т. во мај годинава околу 03,00 часот во ноќен клуб „Тунел“ во Куманово С.Т. при разминување со Н.М.(18) исто така од Куманово започнал вербална распарвија, а во еден момент првопријавениот со стаклено шише го удрил оштетениот во пределот на главата. Откако М.И.(18) , другар на Н.М., се обидел да ги раздвои физички бил нападнат од Н.Г., по што  оштетените со мотори заминале пред зграда на ул„Народна Револуција“. По ова со возило пред зградата дошле пријавените и со безбол палки и метални шипки ги нападнале М.И. и Н.М., при што го искршиле и моторот на Н.М..