Тепачка во скопско поради исечени дрва

 

Две групи соселани во атарот на село Патишка Река, скопско, се степале поради исечени дрва.

Како што информира МВР, синоќа околу 23.30 часот, прво настанала расправија помеѓу соселаните, а потоа и тепачка околу исечени дрва.

Еден од учесниците од ловна пушка испукал еден патрон во воздух, а со кундакот удрил лице од учесниците.

По преземени мерки од страна на полициски службеници приведени се учесниците во тепачката меѓу кои и осомничениот З.М.(58) кој пукал од огнено оружје, а обезбедени се и огревните дрва и ловната пушка. Во тек се мерки за расчистување и документирање на случајот.