Тепачка во Центар за бегалци во Грција: Запалени бараки, уапсени 25 лица (ВИДЕО)

На грчкиот остров Самос избувнале меѓуетнички судири меѓу групите мигранти во камп за бегалци.

Како што пренесува „Раша Тудеј“ 25 лица се уапсени, а 6 лица се повредени. Конфликтот избувнал меѓу Свганистанци, Сиријци и Пакистанци.

Во кампо т во моментов има околу 1.100 бегалци, меѓу кои и семејства со деца.

Тепачката избувнала помеѓу спротивставените етнички групи, а две бараки биле зафатени во пожар.

Инаку ова е втор ваков инцидент во два дена. Еден претходно имаше тепачка на островот Лезбос, каде три лица беа пренесени во болница, 70 повредени и 300 останаа без засолниште откако беа запалени шаторите.