Тепачка во Чаир на спортски меч

Во спортската сала „Шабан Трстена“, во која се одржувал кошаркарски натпревар меѓу кошаркарскиот клуб „Шкупи“ и кошаркарскиот клуб „Пелистер“,  вчера во 19.20 часот,по завршување на натпреварот, од трибините каде што биле навивачите на домашниот клуб, била фрлена петарда кон клупата каде што седеле играчите на кошаркарскиот клуб „Пелистер“.

Тие кои потоа возвратиле со фрлање пластично шише полно со вода кон навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“. Потоа навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“ ја прескокнале оградата од трибината и нападнале неколку играчи  од КК „Пелистер“.

Со повреди се здобиле техничкиот раководител на клубот и еден од играчите.

При интервенцијата за спречување на насилството, повредени се  двајца униформирани полициски службеници.

Веднаш бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.