Тепачка во „Деспина“, едно лице на Ургентен

Во ЕИК-Скопје вчера во 11.45 часот било пријавено дека за укажување медицинска помош во Ургентниот центар-Скопје бил донесен С.Б.(30) од Скопје, кој се изјаснил дека бил повреден во тепачка во угостителскиот објект „Деспина“.

Од страна на доктор биле констатирани тешки телесни повреди (скршеници на горната и долната вилица). СВР Скопје презема мерки за расчистување на настанот.