Тепачка во Куманово: Тешко повредено 22-годишно момче

Младо момче е пренесено на скопските клиники откако претходно се здобило со повреди по меѓусебна расправија и пресметка во Куманово.

Како што соопшти МВР, вчера околу 13.00 часот во Куманово, пред кафе бар на ул. „11-ти Ноември“ настанала физичка пресметка помеѓу С.А. (22) и Љ.Ш. (20), двајцата од село Оризари и петнаесетгодишник од село Слупчане, од една страна  и неколку непознати лица од село Слупчане, од друга страна.

Во физичката пресметка едно лице извадило нож и му нанело повреди на С.А. во пределот на главата, а Љ.Ш. го повредил на десниот лакт.

Повредените биле пренесени во болницата во Куманово, од каде поради сериозноста на повредите С.А. е пренесен во Клинички центар Скопје, а Љ.Ш. по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.