Тепачка во штипска дискотека: Пијани штипјани претепале сограѓанин

Ноќта помеѓу средата и четвртокот околу 02.30 часот во дискотека во Штип на ул.„Кирил и Методиј“ настанала тепачка во која учествувале три лица.

Во тепачката, како што информира МВР,  А.Ч. (32) и З.В. (32), двајцата од Штип, го нападнале А.М. (24),  удирајќи го со клоци и тупаници.

Притоа истиот се здобил со тешка телесна повреда-скршеница коска на лева шака.

Лицата се алкотестирани при што кај А.M. е констатирано присуство на алкохол во крвта од 1.57 промили, кај З.В. 0.84 додека кај А.Ч. 0.73 промили.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава за „учество во тепачка“ .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.