четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 20

Тепачка во турскиот парламент (ВИДЕО)

Настанот се случи за време на рсправата за формирање комисија, која треба да ги истражи евентуалните престапи на органите на прогонот.

tepacka-parlament

Поврзани вести

Тензиите што се појавија меѓу пратениците од владеачката Партија на правдата и развојот (АКП) и прокурдската Демократска партија на народите (ДПН), денеска прерасна во тепачка, пренесе турската телевизија НТВ.

Настанот се случи за време на рсправата за формирање комисија, која треба да ги истражи евентуалните престапи на органите на прогонот.

-Терористите надвор!, извика пратеник на АКП на адреса на неговите колеги од прокурдската ДПН.

Неговите зборови беа испровоцирани од изјавата на пратеник на ДПН кој пред пратениците кажа „им одавам почит на убиените цивили и деца од страна на органите на прогонот“.

За време на кавгата пратениците од двете партии од време на време си разменуваа тупаници, посочува НТВ.

Најчитани вести