Тер Стеге: Барса беше опција број еден

Репрезентативниот голман на Германија и од пред неколку часа прв чувар на каталонскиот гигант Барселона, Марк-Андре тер Стеге, откри дека на неговата адреса пристигнале неколку примамливи понуди, но на крајот ја прифатил таа на шпанскиот клуб.

„Барселона е почеток на една нова ера во мојата голманска кариера. Горд сум што сега ќе бидам дел од овој нов систем. Среќен сум што клупските челници веруваат во моите квалитети. Од првиот момент знаев станува збор за нешто специјално, не е мала работа да бидеш дел од Барселона, да играш на „Ноу Камп”. Добив примамливи понуди и од неколку други клубови, но сега не е време да зборам на таа тема. Барса секогаш беше број еден опција за мене. Нема ништо подобро од Барса. Никогаш немаше втора опција, имаше само една опција, Барселона”, изјави поранешниот голман на Борусија од Менхенгладбах кој ќе остане на „Ноу Камп” до 2019 година.