Тер Стеге и официјално наследник на Виктор Валдез

Познатиот шпански весник, „Ел Мундо Депортиво”, кој важи за многу близок до каталонскиот гигант Барселона, пред неколку часа ја пласираше информацијата дека клупските челници на Барса најпосле го договориле веќе најавениот трансфер на првиот голман на германскиот бундеслигаш Борусија од Менхенгладбах, Марк Андре тер Стеге.

Двата клуба постигнале договор околу побараното обештетување од 10 мил. евра, но Тер Стеге најверојатно ќе остане во редовите на Борусија во следните шест месеци, но сега како позајмен фудбалер.

Младионскиот репрезентативец на Германија треба да потпише 5-годишен договор со актуелниот шампион на Шпанија, а таквиот договор му гарантира годишна заработувачка од најмалку три милиони евра.

Освен Барса, голем интерес за 21-годишниот голман, покажаа и челниците на Арсенал и на Јувентус.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.