Тер Стеге ќе открие дали останува во Германија или се сели на Ноу Камп

Тег Стеге вели дека за неколку дена ќе се знае дали ќе остане во Борусија или ќе замине за Барселона

Голманот на германскиот бундеслигаш Борсуија од Менхенгладбах, Марк-Андре тер Стеге, откри дека за неколку дена ќе ја донесе конечната одлука околу тоа дали ќе го потпише новиот понуден договор или ќе ја прифати понудата на каталонскиот гигант Барселона.

“Јас не сум изјавил дека знам нешто, дека има некаква комуникација помеѓу челниците на Борусија и Барселона. За неколку дена ќе разговарам со спортскиот директор Макс Еберл и со извршниот директор Стефан Шиперс околу мојот договор и околу мојата иднина. Мојата конечна одлука ќе биде позната за неколку дена. Добро знам се што треба да направам, каква одлука треба да донесам и колкава е мојата одговорност”, изјави репрезентативецот на Германија.