Тер-Стеге ќе биде наследник на Виктор Валдез

Новиот претседател на каталонскиот гигант Барселона, Жосеп Мариа Бартомеу потврди дека шампионот на Шпанија се уште е во потрага по нов голман и дека прв фаворит за голманската позиција е чуварот на германскиот бундеслигаш Борусија од Менхенглдбах, Марк-Андре тер Стеге.

„Не можам многу да зборам на оваа тема. Точно дека сме сериозно заинтересирани за голманот на Борусија од Менхенгладбах, но Барселона прати неколку голмани. Има многу добри голмани, но ние го имаме најдобриот на цел свет. За жал, Валдез веќе не информираше дека сака да си замине од “Ноу Камп” на крајот од актуелната сезона”, изјави Бартомеу.

Репрезентативецот на Германија пред неколку недели потврди дека не сака да ја продолжи соработката со актуелниот клуб, а шпанските медиуми веќе открија дека челниците на Барселона се подготвени да одвојат околу 12 мил. евра за неговото обештетување.