Тер Стеге среќен поради Германија, тажен поради Меси

Новиот голман на каталонскиот гигант Барселона, Марк-Андре тер Стеге, откри дека истовремено бил многу среќен поради новата светска титула за Германиј, но и тажен поради неуспехот на новиот тимски колега, Лионел Меси.

“Ми беше многу жал за Лионел Меси, но бев многу среќен поради успехот на Германија. Финалниот натпревар го гледав во Барселона, во мојот хотел, во кој живеам. Не бев дел од репрезентацијата на Германија, но бев многу среќен поради големиот успех на моите сонародници. Се надевам дека со добрите игри во дресот на Барселона, повторно ќе добијам покана да бидам дел од репрезентацијата на Германија. Добив шанса да покажам се што знам, да покажам дека сум квалитетен голман. Знам дека подолг временски период бев следен од раководните лица на Барселона, а никогаш нема да го заборавам тој момент кога и официјално бев контактиран од челниците на каталонскиот гигант. Не се плашам од новиот предизвик, среќен сум што сум дел од Барселона”, изјави Тер Стеге.