Тераза Меј ја претстави својата нова влада

Британската премиерка Тереза Меј ја претстави во неделата својата нова влада во којашто има само неколку промени, што е одраз на нејзините ослабено позиции по губењето на апсолутното мнозинство на предвремените парламентарни избори во четвртокот.

Демиен Грин, поранешниот министер за труд и пензиски систем, е унапреден на должноста прв државен секретар и заменик на премиерката, а на неговото место доаѓа Дејвид Гејк од министерството за финансии.

За министер за правда е именуван Дејвид Лидингтон, која ја презема должноста од Лиз Трас.

Во владата се направени само неколку промени и се смета дека тоа е одраз на ослабените позиции на премиерката Тереза Меј по изборите на коишто го загуби апсолутното мнозинство.

Меј на должноста министер за здравство го задржа Џереми Хант, а на својата позиција министер за меѓународна трговија остана Лиам Фокс.

Во петокот кабинетот на премиерката соопшти дека главните членови на нејзината влада ќе ги задржат местата. Така, Филип Хамонд останува министер за финансии, Борис Џонсон министер за надворешни работи, Дејвид Дејвис министер за Брегзит, Ембер Рад министерка за внатрешни работи и Мајкл Фалон е министер за одбрана.