Теренот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, интензивно се подготвува

Звукот на машините во шумите над селата Кленоец и Извор после Кичево, најавуваат дека автопатот Кичево-Охрид се гради, пишува емагазин. Подготовките на теренот за изградба, односно сечата на шумата и рамнење на теренот не беа запрени ниту за викенд, ниту за празник. Се работеше интенизивно.

Во подножјето на Кленоец, односно во селото Извор кај изворите на реката Треска, треба да „изникне“ нов мост кој практично ќе поврзе две планини, кој е само еден ден од делницата на автопатот.Можеби и најтешкиот. Во моментов се градат привремени објекти, односно бараки каде што ќе бидат сместени околу 300 Кинези кои ќе учествуваат во изградбата на автопатот.

Во поранешната стаклара во Извор пак, се сместени вработените на компанијата Трансмет која исто така учествува во изградбата на автопатот кој треба да биде готов за четири години.

Трансмет за потребите на изградба на дел од автопатот Кичево-Охрид имаше потреба од 235 работници – градежни инженери, техничари, рударски инженери, извршители и работници на каменолом, минери, раководители со градежна механизација, ракувачи со градежни машини, возачи и градежни работници.

Во Трансмет, но и за потребите за изградбата на автопатот се вработени и жители на Извор и Кленоец. Мештаните велат дека со започнувањето на изградбата на автопатот, има повеќе луѓе а и селата малку заживеале.

Целиот текст можете да го прочитате тука.