петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 43

Теренската проверка на ДИК ќе почне кон крајот на неделава

Tеренската проверка на ДИК (Државната Изборна комисија) ќе почне кон крајот на неделава. Ќе се проверуваат 100.436 записи кои произлегоа од вкрстената проверка на податоците во рамки на прочистувањето на Избирачкиот список.

Седница на Државната изборна комисија

Поврзани вести

Tеренската проверка на ДИК (Државната Изборна комисија) ќе почне кон крајот на неделава. Ќе се проверуваат 100.436 записи кои произлегоа од вкрстената проверка на податоците во рамки на прочистувањето на Избирачкиот список.

Како што соопшти на денешната прес конференција Љупка Гугучевска, советник во ДИК, теренската проверка ќе ја вршат 374 овластени анкетари, а нивни контролори ќе бидат раководителите на подрачните единици на ДИК.

Пасивно набљудување на целиот процес ќе може да вршат претставници на четирите најголеми политички партии.

ДИК објави дека ќе реализира медиумска кампања „Отворени врати“ и ги повика граѓаните да учествуваат во проверката која треба да овозможи, како што беше посочено, веродостоен Избирачки список.

Најчитани вести