недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Теренското чистење на избирачкиот список е нецелисходно, барањето на СДСМ е со цел да се одложат изборите

Опозициската СДСМ бара теренска проверка и пречистување на избирачкиот список. За ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, прифатлива е методологијата што ќе ја предложи Државната изборна комисија. Експертите сметаат дека барањата на СДСМ претставуваат обид за намерно одолговлекување во прочистувањето на избирачкиот список, пишува „Курир“.

izbori-makedonija-640x446

Поврзани вести

Опозициската СДСМ бара теренска проверка и пречистување на избирачкиот список. За ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, прифатлива е методологијата што ќе ја предложи Државната изборна комисија. Експертите сметаат дека барањата на СДСМ претставуваат обид за намерно одолговлекување во прочистувањето на избирачкиот список, пишува „Курир“.

Теренското чистење на избирачкиот список на кое инсистира СДСМ е нецелисходно и е одолговлекуване на процесот. Тоа според познавачите преставува намерно одолговлекување на разгледувањето на избирачкиот список, а никако не е во функција на забрзување на постапката за добивање на функционален список.

Божиновски: Одолговлекување со цел да се одложат изборите

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека ова не може да се сфати никако поинаку освен како одолговлекување со цел да се одложат изборите. Тој нагласува дека теренска проверка ќе одземе многу време и премногу пари.

Сега се потврдува тоа што го зборев пред 5-6 месеци, дека главната цел на СДСМ е како да ги пролонгира изборите. Тоа е прва работа, бидејќи знаат дека на нив ќе изгубат. Втората поента нивна е државата да не може да функционира нормално, односно оваа техничка влада да продолжи во недоглед. Нас не ни треба техничка влада, државата мора да има влада којашто го има легитимитетот од граѓаните со цел да ги спроведува сите оние проекции за коишто е изгласана, вели Божиновски.

Теренската проверка би преставувала своевиден попис, но без краен епилог. Тоа подразбира тимови на луѓе да одат на лице место и да проверуваат кој каде живее и дали има право на глас.

Божиновски: Теренската проверка ќе одземе многу време и премногу пари

Божиновски: Теренската проверка ќе одземе многу време и премногу пари

Доколку се утврди дека тоа лице не живее на тоа место кое е впишано во списокот, или е надвор од државата ќе нема право да го избрише од списокот бидејќи избирачкото право е загарантирано со устав.

 Четвртиот условно кажано бенефит за СДСМ што произлегува од ова е ако се пролонгираат изборите на некој начин ќе си го добијат она што отсекогаш го посакувале. Да бидат дел од власта без избори. Со тоа што имаат двајца технички министри, а кои беа поставени исклучиво со цел да се организираат избори и кога ќе завршат изборите да не излезе повторно Зоран Заев и да каже тоа не чинело или не биле изборите фер. Ова е ад хок влада формирана за да спроведе избори и не смее да трае повеќе од три месеци. Има уште една работа која е важна, ако СДСМ мислат дека стварно им треба повеќе, јас мислам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да им удоволат на барањето и да нема избори сега, да си има во 2018 а за тоа време нека прават што сакаат, ако сакаат сами нека одат по луѓе и нека проверуваат дали се тука, не се, и така натаму, вели Божиновски.

Токму поради ова, експертите сметаат дека е сосема јасно дека теренската проверка е нефункционална и претставува свесно одлоговлекување на процесот. За разлика од ова, нагласуваат тие, најбрза и ефикасна би била електронската проверка на списокот користејќи ги расположливите дата база и списоци.

Тоа се електронски датабази кои меѓу себе се компарираат и ќе може преку нив да се провери што се случува и зошто се случува. Плус, избирачкиот список автоматски се апдејтира со оние кои стануваат полнолетни, со оние кои се починати и оние кои се одјавуваат со државјанство. Тоа е се тековно. Од првичната нивна идеја сега, сега сакаат да направат попис. Тоа не е ништо освен одолговлекување зашто како е можно да немало време за активна регистрација, којашто тие ја предложија, односно секој од нас којшто мисли дека ќе гласа да оди да си се пријави на најблискиот пункт на ДИК. Ќе имаше време 2-3 месеци без никаков проблем, без брзање, без ништо. За тоа немало време, а има сега време да се први попис на население, вели Божиновски.

Најчитани вести