вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 10

Тереза Меј: Британија и САД веќе нема да се мешаат во други држави

Таа додаде дека САД и Велика Бртианија мора да застанат силно еден до друг, како и дека на деновите на долготрајни воени интервенции во други држави се става крај.

tereza-mej-1

Последни вести

Велика Британија и Соединетите Американски Држави (САД) веќе нема да вршат инвазија во други земји, порача вечерва пред американските републиканци во Филаделфија британската премиерка тереза Меј.

-Не смееме да се навратиме на неуспешните политики во минатото. Деновите кога САД и Велика Британија интервенираа во суверени држави со цел да го направат светот по нивна замислена слика, се дојдени на својот крај. Сепак не смееме да останеме со скрстени раце кога заканата е реална и во наш интерес е да се интервенира, рече Меј.

Таа додаде дека САД и Велика Бртианија мора да застанат силно еден до друг, како и дека на деновите на долготрајни воени интервенции во други држави се става крај.

Најчитани вести