Спорт

Тери доби неморална понуда од челниците на Галатасарај

Тери доби неморална понуда од челниците на Галатасарај

Амбициозните сопствеици на актуелониот шампион на Турција, тимот на Галатасарај, и понатаму не се откажуваат од немарата да ги осигураат услугите на капитенот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Џон Тери.

Освен што се подготвени да платат околу 10 мил. евра за обештетувањето на искусниот централен дефанзивец, челниците на гигантот од Истанбул се подготвени на Тери да му понудат и годишна заработувачка од најмалку 7.5 мил. евра.

Новиот тренер на “црвено-жолтите”, трофејниот италијански стручњак веќе има изјавено дека Тери е во групата на најдобри дефанзивци на денешницата и дека нема таков клуб кој не би посакал на располагање да ги има услугите на поранешниот репрезентативец на Англија.