Тери уште една сезона ќе биде главен на Стефорд Бриџ

Само што го потпиша новиот едногодишен договор, легендарниот капитен на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Џон Тери изјави дека е пресреќен поарди фактот дека 20 години ќе го носи дресот на омилениот клуб.

„Го потпишав новиот едногодишен договор и можам да кажам дека сум пресреќен. Горд сум што 20 години ќе го носам дресот на мојот омилен клуб. Сакам јавно да им се заблагодарам на најверните фанови кои беа со мене, покрај мене и во добро и во лошо. Сакам јавно да му се заблагодарам на актуелниот менаџер, Жозе Мурињо, кој во изминатата сезона веруваше во моите квалитети, ми беше постојана подршка,” изјави репрезентативецот на Англија.

Во следните неколку дена, нов едногодишен договор треба да потпише и искусниот играч за врска, Франк Лампард, а таква понуда сигурно нема да добие искусниот лев бек, Ешли Кол кој веќе има статус на слободен фудбалер.