Македонија

Терминот антиквизација измислен од “кујната“ на опозициските псевдо-интелектуалци

Терминот антиквизација измислен од “кујната“ на опозициските псевдо-интелектуалци

Што всушност претставува антиквизација, термин кој постојано го слушаме во изминатите години. Експертите снетаат дека тоа е термин кој е вештачки измислен од оние кои денес ја обвинуваат владата за антиквизација. Според колумнистот и сликар Ацо Станковски, терминот е измислен од „кујната“ на опозициските псевдо-интелектуалци и е прифатен од нашите надворешно политички непријатели, објавува Курир.

Станковски смета дека антиквизацијата е лошо искомпониран термин, има многу малку познавање и разбирање од интелектуалната елита која го произведе, а за која елита знаеме дека главно орбитира околу левицата, и која е длабоко политизирана.

-Тој термин е неологизам или новоизмислен, кој е измислен од „кујната“ на опозициските псевдо-интелектуалци и е прифатен од нашите надворешно политички непријатели. Терминот не постои во професионалната и експертската литература. Постојат други два термина, едниот е антикваризација, што значи зачувување и грижа за старините, а другиот е антиквестација што значи потрага по старините, вели Станковски.

Тој додава дека со овој термин, опозициските мислители покажале тенденциозност, незнаење и недоветност, нешто што постојано го манифестираат и во своите политички стратегии. Од таму е и нивната ноторна неуспешност на политичката сцена во Македонија, смета тој.

Антиквизацијата во Македонија е еден погрешно поместен дискурс од страна на транзициската левица, во име на една опортуна политичка стратегија, која во „фаталната“ непромисленост создава огромни штети за националниот интерес на Македонија, за балканскиот интерес и за интересот на универзалната човечка култура.

Аналитичарот и поранешен амбасадор Ристо Никовски вели дека целта на овој израз е да се создаде дополнителна забуна околу нашиот идентитет.

-Грчкиот европратеник Кумуцакос кој, ако не се лажам, претходно беше и портпарол на грчкото МНР, самиот се пофали дека тие го измислиле изразот “антиквизација“. И, како што обично бива, нашите “глобалисти“, на чело со опозицијата, се фатија за истиот ’ко пијан за стап’, како вели народот, не водејќи сметка дека паѓаат во туѓа стапица. И таа пракса, нормално за наши прилики, крајно некритички – продолжува. Целта на овој израз е да создаде дополнителна забуна околу нашиот идентитет, вели Никовски за КУРИР.

Тој додава дека обидите да се направи некаква дистинкција меѓу нашите словенски и антички корени се чисто политички мотивирани за да се ослаби нашата позиција во спорот околу името на државата, инициран токму за да се сотре националниот идентитет на македонскиот народ.

-Најдобрата дефиниција околу тоа е на академик Живко Попов – “Словенството е последниот слој на македонизмот“. Мислам дека тука се’ е речено. Треба да им се остави на научниците да го истражуваат минатото на народите на Балканот, кои имаа бурна историја која и денес не е за потценување. А нема основа за никакви дилеми: ние сме биле, сме и ќе си останеме – Македонци. Колку од тоа се антички, византиски, словенски или некои други корени – воопшто не е важно. Сите невидени напори тоа да се промени, во последните 25 години, ниту дадоа ниту можат да дадат резултат. Драгоцени докази за генезата на Македонците и на другите народи во регионот дава извонредниот Стефан Влахов – Мицов во неговата најнова книга – “Филозофија на балканскиот пекол“. Тој со факти и аргументи, цитирајќи огромен број на светски извори, ја докажува апсурдноста на политиките на соседите да се посвојат и разнебитат Македонците, смета Никовски.

Кој, навистина, ја почна “антиквизацијата“

СДСМ, творците на зборот „антиквизација“ самите ефективно го започнаа овој проект уште во раните 90-ти. Про­дол­жу­ва­ње­то на ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја со ан­ти­ка­та е национален проект поч­нат уште од не­за­вис­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја.

На ова мо­же да се се­тат тие што сту­ди­раа ток­му на по­че­то­кот на 90-ти­те го­ди­ни на 20 век. Ди­скрет­но, без ни­ка­кви фан­фа­ри, на сту­ден­ти­те им бе­ше на­ло­же­но да пе­ча­тат скрип­ти со уште пет-шест стра­нич­ки на кои беа по­ме­сте­ни три лек­ции за ма­ке­дон­ски­те пле­ми­ња што го со­чи­ну­ва­ле ма­ке­дон­ско­то кралс­тво, за де­ла­та на Фи­лип и на Але­ксан­дар, ка­ко и за три­те ма­ке­дон­ско–рим­ски вој­ни, анализираше неодаман неделникот Република.

Ме­ѓу­тоа, ви­стин­ско­то „ан­ти­кви­зи­ра­ње“ со го­ле­ми фан­фа­ри поч­на со исто­ри­и­те на Ва­сил Ту­пур­ков­ски, но и со уште еден про­ект, со­се­ма скри­ен од јав­но­ста. И два­та про­е­кта поч­наа во ист пер­и­од, не­ка­де пред 1995 го­ди­на.

-Не­ко­гаш­ни­от за­кол­нат ко­му­нист и пос­ле­ден прет­став­ник на Ма­ке­до­ни­ја во ко­ле­ктив­но­то пре­тсе­да­телс­тво на СФРЈ, Ва­сил Ту­пур­ков­ски, ток­му со ан­ти­ка­та во ра­ни­те 90-ти го­ди­ни го поч­на сво­е­то по­ли­тич­ко вра­ќа­ње. Тој си бе­ше за­ми­нал со се­мејс­тво­то во САД, ка­де што го по­ми­ну­ва­ше вре­ме­то во та­мош­ни­те биб­ли­о­те­ки. Од тие не­го­ви сил­ни чи­та­ња про­из­ле­гоа не­го­ви­те кни­ги во три де­ла, не­скром­но на­ре­че­ни „Исто­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја“. Ту­пур­ков­ски не твр­де­ше ди­рект­но де­ка сме по­том­ци на ан­тич­ки­те Ма­ке­дон­ци, ту­ку са­мо ги ана­ли­зи­ра­ше по­ли­тич­ки­те и во­е­ни кон­сте­ла­ции во тој пер­и­од. Не­го­ви­те кни­ги ду­ри и јав­но ги чи­та­ше на те­ле­ви­зи­ја, а ма­ке­дон­ски­от крал–ре­фор­ма­тор Фи­лип Пет­ти го прог­ла­си за свој идол. Не­го­ва­та ак­ци­ја на­ско­ро ре­зул­ти­ра­ше со фор­ми­ра­ње­то на Де­мо­крат­ска­та ал­тер­на­ти­ва, кој во ко­а­ли­ци­ја со то­гаш­на­та ВМРО-ДПМНЕ на че­ло со Љуп­чо Ге­ор­ги­ев­ски (то­гаш во име­то бе­ше со „п“) ја осво­и­ја вла­ста во 1998 го­ди­на. На Ге­ор­ги­ев­ски, де­нес поз­нат ис­ме­ју­вач на „ан­ти­ка­та“,не му пре­чеа исто­ри­и­те на Ту­пур­ков­ски, ка­ко што не му пре­че­ше да го под­др­жи усво­ју­ва­ње на шес­на­е­се­ткра­ко­то сон­це од Кут­леш, сим­бо­лот на ма­ке­дон­ски­те ан­тич­ки кра­ле­ви, ка­ко зна­ме на др­жа­ва­та (по­доц­на сме­не­то со При­вре­ме­на­та спо­год­ба од 1995 го­ди­на). Не им пречеа ниту копчињата на униформите на полицијата во деведесетите, кои ја имаа истата симболика. Копчињата се уште еден де­таљ, за по­ен­та­та де­ка СДСМ на го­ле­мо стои зад „ан­ти­кви­за­ци­ја­та“. Имено кре­а­то­рот на овој збор, про­фе­со­рот што знае свој­ски да се из­нап­лу­ка врз вла­ста по­ра­ди ан­ти­ка­та, и еден од кандидатите на СДСМ за претседател на земјава, Љу­бо­мир Фрч­ко­ски има удел во копчињата, За него, во времето кога беше министер за внатрешни работи, се зборуваше дека има удел во идејата за копчињата со „сонцето од Кутлеш“ на униформите, пишуваше Република.

Вто­ри­от про­ект, то­гаш со­се­ма не­поз­нат за ма­ке­дон­ска­та јав­ност, е, исто та­ка, не­по­сред­но де­ло на СДСМ. Ток­му во 1995 го­ди­на, ко­га Ки­ро Гли­го­ров бе­ше пре­тсе­да­тел, Бран­ко Цр­вен­ков­ски пре­ми­ер, а на власт бе­ше СДСМ, кој со сво­и­те ко­а­ли­ци­ски парт­не­ри има­ше дво­тре­тин­ско мно­зинс­тво во пар­ла­мен­тот, во МАНУ, да­ле­ку од очи­те на јав­но­ста, бе­ше одо­брен еден про­ект. Про­е­ктот бе­ше под­др­жан и од Вла­да­та. Ста­ну­ва збор за де­нес до­бро поз­на­ти­от Ка­мен од Ро­зе­та, по­точ­но за пре­во­дот на сред­ни­от текст од овој ка­мен, за кој офи­ци­јал­на­та на­у­ка твр­ди де­ка е на­пи­шан на не­ка­ков де­мот­ски ја­зик (на­вод­но, ста­ро­грч­ки на­ро­ден ја­зик). Ака­де­ми­ја­та прет­по­ста­ву­ва­ше де­ка ка­ме­нот, кој по­тек­ну­ва од Еги­пет од вто­ри­от век, ко­га со оваа др­жа­ва вла­де­ат Пто­ле­ме­и­ди­те (по­том­ци на ма­ке­дон­ски­от ге­не­рал Пто­ле­меј, прв ге­не­рал на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски) е на­пи­шан на ја­зи­кот на ста­ри­те Ма­ке­дон­ци.

Ре­а­ли­за­ци­ја­та на пре­во­дот на сред­ни­от текст им бе­ше за­да­де­на на двај­ца ака­де­ми­ци, кои, што мно­гу­ми­на ги из­не­на­ди, не се исто­ри­ча­ри или лин­гви­сти, ту­ку до­а­ѓа­ат од тех­нич­ки­те на­у­ки. Двај­ца­та се про­фе­со­ри на Еле­ктро­тех­нич­ки­от фа­кул­тет, Ари­сто­тел Тен­тов и То­ме Бо­шев­ски. Де­нес, овие двај­ца на­уч­ни­ци по­греш­но ги сме­та­ат за „вмров­ци“ би­деј­ќи че­сто се го­сти во еми­си­и­те во кои го­сту­ва и пре­ми­е­рот, а тие са­мо се оби­ду­ва­ат, кол­ку што е мож­но по­ве­ќе, да ја прет­ста­ват сво­ја­та ра­бо­та. Нив­на­та ра­бо­та се приз­на­ва на исто­кот од Евро­па, најм­но­гу во Ру­си­ја.

Уште еден ле­ви­чар (или цен­та­рист, во за­вис­ност од ус­ло­ви­те) е ко­а­втор на ма­ке­дон­ска­та „ан­ти­кви­за­ци­ја“. Ри­сто Пе­нов од Ли­бе­рал­но-де­мо­крат­ска­та пар­ти­ја са­ка­ше да ре­а­ли­зи­ра дел од го­ле­ми­от про­ект, но се отка­жа. Во вто­ри­от ман­дат, кој го до­би со под­др­шка на СДСМ (прет­ход­ни­от по­бе­ди во ко­а­ли­ци­ја со ВМРО–ДПМНЕ) ка­ко гра­до­на­чал­ник на Скоп­је, во 2000 го­ди­на, му пред­ло­жи на Со­ве­тот на Град Скоп­је ме­сто фон­та­на­та, на пло­штад да се из­гра­ди спо­ме­ник на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски. Вни­ма­вај­те, спо­ме­ни­кот се ви­ка­ше ток­му та­ка, Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски, не Во­ин на коњ. Иде­ја­та на Пе­нов, се­ка­ко, не бе­ше да се гра­ди тол­ку го­лем спо­ме­ник, но су­шти­на­та е иста. По­крај овој спо­ме­ник, во не­го­ви­от про­ект се пред­ви­ду­ваа и дру­ги спо­ме­ни­ци во цен­та­рот на гра­дот. Еве уште еден де­таљ. Иде­ја­та на Пе­нов по­ми­на во Со­ве­тот на Град Скоп­је и бе­ше под­др­жа­на од еден со­вет­ник, кој по­доц­на, а и де­нес е звуч­но име во по­ли­ти­ка­та – Вла­до Буч­ков­ски. На кра­јот, Пе­нов се отка­жа од спо­ме­ни­кот, на­вод­но за­тоа што те­жи­на­та на зда­ни­е­то не мо­же­ле да ја из­др­жат под­зем­ни­те ка­на­ли.