Термо камера како заштитна мерка на скопскиот аеродром

Патниците кои слетаа од Ајховен и Виена ги регистрираше и термалната камера на министерството за здравство, како една од мерките за заштита од ебола, вирусот убиец раширен во западна Африка, јавува ТВ Алфа.

Веднаш штом пристигнаa пасошката контрола на патниците им подели флаери во кој пишува како да се заштитат од вирусот и кои се симптомите.

Камерата која мери телесна температура, како прв знак за зараза, е поставена на неколку метри од вратата за излез и патниците се уште не знаат за што служи. Екранот покажува колкава е температурата на патниците. Секој што има повисока температура од 37 со 4 степени компјутерот свири и прави непријатност кај патникот.
Задржувањето на патничката со покачена температура траеше околу 15 минути. Жената се возбуди дополнително па температура се покачи уште за некој степен. Персоналот на аеродромот и објасни за моралноста од таквата мерка за заштита.

Од еден авион слетуваат од 150 до 200 патници, но тие не доаѓаат од ризичните земји во кои има регистрирано случаи на ебола. Денеска на скопскиот аеродром предвидени се 20 слетувања, а на термалната камера ќе поминат околу 3000 патници кои пристигнуваат од различни европски земји.

Здравствените власти порачаа да не се патува во афричките и во тие земји каде има регистрирано случај на ебола.