Терор во Брисел – Дали постои и четврт напаѓач?

Браќата Ел Бакрауи се назначени како извршители на бомбашкиот напад на аеродромот во Брисел, дека Лашруи е третиот напаѓач, но по се изгледа приказната не завршува тука.

Светските медиуми пренесоа дека постои можност во нападите да учествувало уште едно лице, кое заедно со Ибрахим Ел Бакрауи го активирало експлозивот на аеродромот.

Цитирајќи ги изворите блиски до истрагата белгиската телевизија РТБФ наведува дека Ибрахим активирал една од двете експлозивни направи на аеродромот Завентем. Според телевизијата Калид ел Бкрауи е одговорен за третата експлозија што се случи на метро станицата Малбег, на околу 250 метри од канцеларијата на Европската Комисија.

Британски „Гардијан“ потсетува дека белгиската полиција вчера побарала информации за тројцата мажи што беа снимени од безбедносните камери на аеродромот.

Иницијалните извештаи во средата гласеа дека двајцата мажи облечени во црна облека се идентификувани како браќата Ел Бакрауи, додека третиот беше именуван како 24-годишниот Наџим Лашруи. Сепак според последниот извештај на РТБФ говори дека само Ибрахим бил на аеродромот, по што се поставува прашањето дали постои и четврт напаѓач, пишува „Гардијан“.