вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 1

АНАЛИЗА: Терор во Брисел – најмалку 27 мртви и повеќе од 35 ранети

Се претпоставува дека станува збор за симултан терористички напад на аеродромот бво Брисел и во метрото во овој град.

brisel

Поврзани вести

Најмалку 27 мртви и повеќе од 35 ранети е засега билансот од експлозиите на аеродромот и метрото во Брисел, јавуваат светските новински агенции, пренесува Нетпрес.

Европската административна престолнина е целосно блокирана од белгиските безбедносни сили, кои се во највисок степен на тревога.

Аеродромот е затворен, а целосно е блокирано и функционирањето на подземната железница.

Училиштата веднаш биле затворени, а на родителите им било јавувано да си ги земат децата, да ги однесат дома и им било сугерирано да не излегуваат од своите живеалишта.

Исто така, многу фирми и компании ги ослободиле вработените од обврски.

brisel-napadi-naslovna

Првата експлозијата се случила во 8 часа утринава, по средноевропско време.

За кусо време социјалните мрежи беа преплавени од фотографии и видео снимки од моменти по експлозијата.

Засега белгиските власти претпоставуваат дека биле детонирани две бомби на аеродромот во Брисел.

Нападот се случил во просторија за испраќање, а од силината на експлозијата се урнал плафонот. Некои очевдци тврдат дека експлозиите одекнале пред шалтерот на авиокомпанијата „Американ Ерлајнс“.

Првичните информации се дека во експлозиите на аеродромот биле убиени 17 лица, а околу 35 се повредени.

Засега нема официјални информации за причините за нападот.

По нападот аеродромот бил целосно евакуиран, а авиосообраќајот целосно стопиран. Откажани се сите слетувања и полетувања. Исто така сопрен бил и железничкиот и патниот сообраќај до аеродромот.

Би-Би-Си: Пред експлозиите на аеродромот во Брисел се чуле истрели и арапско зборување

Некои од очевидците изјавиле дека пред експлозиите чуле истрели од автоматско огнено оружје и зборување на арапски јазик.

Итар-Тасс: Белгиската полиција открила три појаса со експлозиви на бриселскиот аеродром

Белгиската полиција објавила дека на аеродромот во Брисел нашла неколко појаси со експлозиви, какви што користат бомбашите самоубијци. Поради ова се претпоставува и дека нападот на аеродромот е терористички чин, кој го извршиле бомбаши самоубијци.

Експлозии во метрото во Брисел

Кусо време по детонациите на аеродромот, одекнале експлозии во метрото во Брисел, на станицата Моленбег, која се наоѓа во непосредна близина на седиштата на европските институции. Во овој напад загинале најмалу 10 лица.

По експлозиите целосно е затворен сообраќајот во бриселското метро.

brisel-metro-3

Но, по ова се случил нов бомбапки напад. Експлозии одекнале и на метро станицата Шуман, објави Итар Тасс, повикувајќи се на локалните медиуми.

metro-belgija-pred-potoa

Бомбашките напади во Брисел се случуваат само четири денови по апсењето на лицето Салах Абдеслам, кој е осомничен како главен организатор и извршител на терористичките напади, кои се случија во главниот град на Франција, Париз, во ноември, лани.

Абдеслам беше фатен во стан во бриселската населба Моленбег Сенжан.

„Франс Прес“: Белгија прогласи највисоко ниво на тревога од закана од терористички напади


Белгискиот министер за внатрешни работи, Жан Жамбон, соопштил дека во земјата е наложено највисоко ниво на тревога од закана од терористички напади, по експлозиите на аеродромот и во метрото.

Портпаролот на министерството дополнил дека нивото на тревога било подигнато од трето, на четврто највисоко ниво.

Најчитани вести