петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 14

Терор во Брисел – Нападите најверојатно ги извршиле петмина напаѓачи

Белгиските медиуми денеска известуваат дека имало и втор бомбаш-самоубиец во терористичкиот напад на метро станицата „Малбек“. Медиумите информираат дека покрај еден од браќата Ел Бакрауи, Калид, метрото најверојатно било нападнато од уште еден напаѓач.

brisel-metro-3

Поврзани вести

Белгиските медиуми денеска известуваат дека имало и втор бомбаш-самоубиец во терористичкиот напад на метро станицата „Малбек“. Медиумите информираат дека покрај еден од браќата Ел Бакрауи, Калид, метрото најверојатно било нападнато од уште еден напаѓач.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, експлозијата  во подземната железница во бриселскиот европскиот кварт, во која загинаа најмалку 20 лица, а стотина беа ранети, според франкофонската национална телевизија РТБФ, не ја предизвикал само Калид Ел Бакрауи, туку уште еден бомбаш.

Според видео-снимите од безбедносните камери во самиот воз и на метро станицата, забележан е човек кој носи голема црна торба влегувајќи во метрото на линијата „5“. Засега, белгиските безбедносни служби не можат да го утврдат неговиот идентитет и дали тој се саморазнел со бомба или само ја оставил торбата со експлозив и го напуштил метрото.

Познати тројца од терористите

Инаку, според федералниот обвинител на Белгија, Фредерик Де Леув, засега официјално се познати тројца од терористите во двата терористички напади во Брисел. Тоа се браќата Ел Бакрауи, Калид и Ибрхаим, од кој вториот се саморазнесе на аеродромот, и Наџим Лашрауи, кој се препоставува дека оставил торба со експлозив на „Завентем“ и заминал во непознат правец.

Четвртиот бомбаш-самоубиец, што заедно со Ибрахим Ел Бакрауи се разнесе на аеродромот се уште не може да биде идентификуван и се претпоставува дека е бегалец што пристигнал од Сирија, Ирак или Авганистан, бидејќи во дата базите на земјите-членки на Европската унија не може да се пронајдат неговите отпечатоци и идентитет.

Откриен и петти напаѓач

Сепак, истрагата утврдила и петти човек, а втор во терористичкиот напад на метрото и тој, исто како и третиот човек покрај Ибрахим Ел Бакрауи и Наџим Лашрауи при нападот на аеродромот Завентем, останува непознат за истрагата.

Во лап топ компјутерот што во населбата Скарбек беше пронајден во канта за отпадоци пред станот што браќата Ел Бакрауи го користеле за производство на бомбите и подготовка на нападите, беше пронајден тестамент на Ибрахим Ел Бакрауи во кој специфично го споменува и името на Мохамед Бакали.

Бакали, кој се наоѓа на издржување затворска казна за обид за диверзија и напад на нуклеарна централа во Белгија, Ибрахим го споменува како „брат во затвор“, па сега се истражува можноста и за учество од затвор на Бакали во подготовката на терористичките напади.

Најчитани вести