Терор во Брисел: Ова се најверојатните напаѓачи

Полицијата најверојатно ќе се фокусира на Наџим Лакхаруи и Мохамеб Абрини, кои исто така се осомничени и за нападите во Париз.

Мохамед Абрини, човек на 30 години веќе е баран од полицијата. Тој го возел автомобилот Рено Клио со кого побегнале напаѓачите од Париз, пишува британски „Телеграф“.

Според белгиската полиција двајцата споменати напаѓачи биле вклучени во нападите во Париз од ноември минатата година и истрагата најверојатно ќе биде фокусирана врз нив, затоа што се смета дека тие се одговорни за тројниот напад и во „срцето на Европа“.

Paris Terrorist Attack

Според полицијата, Лакхаруи и Абрини сеуште се во бегство, а успеале и да и’ побегнат на полицијата по апсењето на човекот што се сметаше за мозокот на нападите во Париз Салах Абдеслам.

Според некои верзии, нападите се случуваат токму денес затоа што Абдеслам требало да биде испрашуван и да им даде информации за позициите на двајцата споменати напаѓачи.

Лакхаруи е 24-годишен Сириец кој наводно ја напуштил Сирија во февруари 2013-тата и се вратил во Европа под лажното име Сутан Кајал, кое го користел за да патува во Унгарија во септември заедно со Абдеслам.

Полицијата потврди дека на неколку експлозивни ремени од Париз бил најден ДНК материјал од Лакхаруи.

Мохамед Абрини е белгиски државјанин со мароканско потекло и му е пријател на Абдеслам од детството, а двајцата биле видени заедно само неколку минути пред нападите во Париз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.